ОМД: Борбата против корупција е основен предуслов за европска перспектива

Од:

Групата на земји од Советот на Европа со мандат да ја следи усогласеноста во стандардите во борба против корупцијата и организираниот криминал, попозната како групата „ГРЕКО“, во својот последен извештај за Македонија ја нагласи потребата од значителни реформи и напори за конечно приближување на земјата до европските анти-коруптивни практики.

Додека според ГРЕКО, Македонија не бележи напредок во борбата против корупцијата во законодавната, извршната и судската власт, според Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) борбата против корупцијата е основниот индикатор за тоа колку една земја е спремна за интеграција и членство во Европската Унија.

Извештајот на ГРЕКО кој ја вбројува Македонија во групата на земји со „разочарувачки напредок“, укажува дека само шест од вкупно деветнаесет анти-коруптивни препораки се спроведени во пракса. Според групата на Советот на Европа за борба против корупцијата, единствениот „делумен напредок“ во Македонија е усвојувањето на измените и дополнувањата на Законот за Судскиот Совет (од Декември 2017 и Мај 2018 година), додека најголемото „разочарување“ во земјата е забележано во контраверзното работење на Државната Комисија за Спречување на Корупција (ДКСК).

Корумпираното работење на институциите, ОМД верува дека не само што ја назадува Република Македонија и штети на нејзиниот углед како држава, туку воедно го одложува и нејзиното членство во Европската Унија. Очекувањата дека со промена на името на земјата, Македонија би се стекнала со кандидатски статус во Унијата, во кои околности пробемот со корупцијата би станал минато, ОМД верува дека се погрешни.

Според ОМД, решавањето на проблемот со корупцијата е предмет на домашна политика и предуслов за членство во Европската Унија, а не променлива вредност зависна од меѓународниот фактор и бенефит од членство во европското семејство.

Со цел успешно справување со корупцијата и подобрување на угледот на Република Македонија во меѓународната заедница, ОМД препорачува
1) користење на придобивките од технолошкиот развој во следење на работата на институциите,
2) поставување на унифицирана казнена политика која важи подеднакво за сите, без право на политички имунитет,
3) практикување на поголема инклузивност на владиниот, цивилниот, корпоративниот, академскиот и медиумскиот сектор во донесувањето на одлуки,
4) препознавање на добри практики кои би служеле како поттик и пример за останатите општествени чинители,
5) воведување на транспарентност во институционалните расходи,
6) поедноставување на бирократските процеси за поефективна администрација, како и
7) имплементирање на меѓународните препораки и конвенции во борба против корупцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

Напредок од два индексни поени и девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023

Јан Коп до Ахмети: Посветеноста за членство во ЕУ е загрозена поради падот на владеењето на правото

Грковска-Нефју: САД ја продолжуваат поддршката на Македонија за спречување на корупцијата

Орце Костов