ОМ со поддршка на Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија

Од:

Претседателството на Обединети за Македонија во поширок состав, на својата синоќешна седница, донесе едногласна одлука за поддршка на заедничкиот кандидат за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

„Поддршката на кандидатот зад кој, патем, застанаа триесетина политички партии, за ОМ претставува и продолжување на 2014 и доследност со која Обединети за Македонија застануваат зад обединување и заедништво.

Претседателството оценува дека во овие извонредно значајни моменти за нашата земја, од исклучително значење е обединувањето, чија цел се заедничка изградба на стабилно, економски развиено и просперитетно општество.

Поради тоа, од исклучителна важност е Република Северна Македонија да добие претседател кој ќе ги обедини граѓаните, без оглед на нивната национална, етничка или верска припадност, претседател кој ќе соработува со извршната власт, ќе гледа кон иднината и ќе промовира заедништво и реформски капацитети во државата“, се вели во соопштението на Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ