ОМ: Поддршка на опозицијата да истрае во донесувањето правилен буџет

Од:

Обединети за Македонија му дава поддршка на пратениците од опозицијата да не попуштаат во намерата да се донесе правилен буџет. Истовремено, ги осудуваат таканаречените „спонтани“ протести кои според нив се организирани по партиска директива, како и дезинформациите дека доколку не се донесе буџетот, нема да се земеле пензии и социјална помош.

„ДПМНЕ се обидува да ја одземе слободата на говорот во парламентот со прекинување на програма на собранискиот канал за да не можат граѓаните да ја согледаат реалната состојба. Алармантна е состојбата во Република Македонија со тоа што власта сака буџетот да го донесе по својот терк без да размислува за понатамошните последици со кои нерационално ќе ги троши народните пари за свои потреби во непродуктивни проекти, а манипулира со јавноста дека опозицијата е виновна“, рече Даниел Пауновски од Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат навреме

(ВИДЕО) Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

(ВИДЕО) Битиќи: На крај на годината во буџетската каса фалат една милијарда евра

Горан Наумовски

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година