Олеснувањето на мерките ќе зависи од трендот на новозаболени, одлуката утре

Од:

Сите досегашни мерки за заштита од коронавирусот засега остануваат во сила. Дали ќе има олеснување ќе зависи од трендот на новозаболени од Ковид-19 денеска и утре.

Ова е препораката на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести по вчераодржаниот состанок на кој е разгледана можноста за олеснување на досегашните мерки за превенција и заштита од ширење на коронавирусот.

Трендот на нови случаи со Ковид-19 во следните два дена ќе биде разгледуван на состанокот на Комисијата за заразни болести утре, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за понатамошно постапување во однос на мерките.

Од Министерството за здравство апелираат граѓаните доследно да се придржуваат до мерките, да ја почитуваат забраната за групи поголеми од две лица, да се држи дистанца од најмалку два метра и задолжително да се носи заштитна опрема за лице во случај кога просторот меѓу граѓаните е помал од пропишаното.

Премиерот Оливер Спасовски рече дека одлуките на Владата во однос на мерките ќе бидат базирани исклучиво на мислењето на стручните луѓе.

– Владата на Република Северна Македонија ги гради ставовите исклучиво врз база на науката, на база на оние, кои се стручни во областа, затоа што здравјето на граѓаните не може да биде во рацете на политичарите. Мора да биде во рацете на оние кои се грижат за нашето здравје, а тоа се лекарите и медицинскиот персонал, сите оние кои посветено во изминатиот период, два, три месеци работат на зачувување на нашето здравје, рече Спасовски.

Најави дека по состанокот на Комисијата за заразни болести, во однос на мерките ќе заседава и Главниот оперативен штаб, и на крајот Владата ќе расправа и ќе донесе одлуки.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски