А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Олбрајт загрижена за инцидентот во Куманово

by А1он14/05/2015 - 12:11100
Share0

Поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт изјави дека инцидентот во Куманово е многу загрижувачки и треба да се добијат повеќе информации, да се види улогата на Косово и односот на Грција.

Добивај вести на вибер

Олбрајт, која беше активна во американската дипломатија во времето на балканските војни, беше прашана за можноста за решавање на спорот за името и за нејзиното гледање на инцидентот во Куманово.

– Прашањето за името сега како да е најмал проблем, сите и онака го користат името Македонија. Во текот на викендот имаше настани кои беа многу загрижувачки. Тие укажуваат на екстремистички активности, на етнички поделби. Треба да видиме на кој начин Косово е поврзано, да видиме што прави Грција. Мислам дека спорот за името не е најважно прашање во моментов, изјави Олбрајт, за време на конференција за политичката состојба во Босна во универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.

Во својот одговор, Олбрајт се осврна и на минатото на спорот за името, опишувајќи ги бизарните процедури низ кои морало да се поминува во Обединетите нации само за да се организира посета на македонските политичари, на што грчките дипломати интензивно се спротиставувале. Олбрајт рече дека имало ситуации кога американските дипломати му сугерирале на Генералниот Секретар на ОН да се префарбаат јарболите за знамињата само да се избегне прашањето околу тоа кое знаме ќе се вее при посета на Глигоров.

– Се сеќавам на лудоста на спорот за името. Ако една добра работа произлезе од војната во Косово е тоа што веќе не моравме да го повторувам тоа ‘поранешна југословенска република’ секогаш кога ќе сведочев пред Конгресот. Тоа беше една од најлудите меѓународни дискусии на сите времиња”, изјави Олбрајт, додавајќи дека во моментов, сите Македонија ја викаат под нејзиното име.

kumanovosad

Би можело да ве интересира

Рубио: Напредокот во контактите со Иран – Ормутскиот теснец e многу важен

Горан Наумовски27/03/2026 - 14:07

САД потврдија дека користат беспилотни бродови против Иран

Горан Наумовски27/03/2026 - 14:06

Пентагон подготвува уште 10.000 војници за Блискиот Исток

Горан Наумовски27/03/2026 - 14:06

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Горан Наумовски27/03/2026 - 14:06

Шумер: Американците прескокнуваат оброци поради војната во Иран

Горан Наумовски27/03/2026 - 14:05

Мерц за САД и Израел: Некои работи ни се нејасни

Горан Наумовски27/03/2026 - 13:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто