Околу 7.000 пивтии за „Пивтијада 2017“ во Крива Паланка

Од:

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, денеска во Крива Паланка ќе се одржи манифестацијата „Пивтијада 2017“.

Учениците од угостителската паралелка на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ подготвија 7.000 пивтии со 150 килограми месо, колку што обезбеди Општината.

– Заедно со учениците два дена готвевме во народната кујна при Домот за ученици „Боро Менков“. Постапката финишира утрово. За настанот ќе има 90 порции или околу 7.000 парчиња вкусни пивтии, приготвени по традиционален рецепт од ова поднебје, информира професорот Дане Петровски.

„Пивтијада 2017“ ќе се одржи на централниот градски плоштад по одбележувањето на Богојавленскиот водосвет, фрлањето на крстот во водите на Крива Река, а традиционално, осми пат, ја организира локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски