Околу 2000 граѓани немаат државјанство, оваа тема не смее да се „киднапира“ во дневно-политички препукувања вели Османи

Од:

Според моите информации, околу 2000 граѓани имаат нерешен статус на државјанство, од коишто 1300 се Албанци, другите се од другите етнички заедници. Прво, многу е важно да се дефинира проблемот пред да се решава, бидејќи имаше шпекулации за 70 000, 40 000, 50 000 со цел темата да стане дел од добивањето дневно-политички поени, а не решавање на судбини на граѓани, истакна на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој нагласи дека станува збор за 1300 нерешени апликации кои од различни причини уште не се решени, дел поради бирократска инертност, дел поради погрешно интерпретирање на законите.

– Сепак не е малку 1300 граѓани да немаат можност да имаат документи, а луѓето живеат овде и не можат да ги користат основните права кои ги имаат како граѓани. Во последните 20-30 години имаше една информација дека околу 14 000 го решиле прашањето токму преку законските решенија кои олеснуваа одредени бирократски процедури, остануваат овие 2000 за кои низ системот треба да им се регулира статусот, меѓутоа никако не смее оваа тема да се „киднапира“ во дневно политичките препукувања, особено во услови на криза и пандемија со цел да се заклучат други важни исто така прашања, потенцираше Османи.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

Чаирчани се на „чисто“, ќе бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Влен: Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Ахмети и Османи

Горан Наумовски