Околу 190 илјади луѓе во Македонија имаат дијабетес

Од:

Во Македонија околу 190.000 луѓе имаат дијабетес од кои 40.000 се на инсулинска терапија, а останатите 150.000 се на таблетарна терапија. Бројот на пациенти е во постојан подем.

Ова денеска го истакна претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари во Македонија, Бојан Киров на одбележувањето на 14 ноември, Светски ден на дијабетесот. Посочи дека од заболените, дијабетес тип 1 имаат 4.500 до 5.000 лица а останатите имаат дијабетес тип 2.

– Има пораст на бројот на деца кои имаат дијабетес и секој месец има едно до две. Треба да се земат предвид многу фактори значи квалитетот на живот, здравите навики…додаде Киров.

Директорката на Клиниката за ендокринологија, Саша Јовановска Мишевска рече дека бројот на пациенти со дијабетес расте секојдневно и ако во 2015 година имало околу 415 милиони заболени на глобално ниво, предвидувањата се дека до 2040 година тој број ќе достигне 600 милиони.

Би можело да ве интересира

Оваа година е најтешка за нас велат дијабетичарите

Протест на здруженијата на дијабетичари: Да се смени моделот на набавки за да нема доцнења

Новиот лек за дијабетес од типот 2 успешен и во лекувањето прекумерна дебелина

А1он

Лани во земјава 7432 новозаболени од дијабетес

А1он

Лицата со дијабетес сè уште чекаат на сензорите за безболно мерење гликемија

Катерина Ѓуровски

Студија: 21 отсто дијабетичари заразени со Ковид-19 умираат во рок од 28 дена