Околу 11% кавадарчани и росоманчани гласале до десет часот

Од:

Околу 11 проценти од лицата со право на глас излегле на гласање во Кавадарци и Росоман до десет часот.

Во двете општини утринава навреме беа отворени избирачките места.

Шеесет во Кавадарци и десет во Росоман.

Претседателот на општинската изборна комисија во Кавадарци Зоран Костов информираше дека во Избирачкиот список за гласање на предвремените парламентарни избори во Кавадарци се запишани 32.431 граѓани.

Претседателот на изборна комисија во Росоман, Лазо Симоновиќ, пак соопшти дека 3.393 росоманчани имаат право на глас.

На деветтите парламентарни избори учествуваат 11 политички субјекти од кои шест политички партии и пет коалиции, со 58 листи и со 1.092 кандидати.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он