Околу 100 македонски граѓани се уште се во Авганистан, од МНР велат дека се на безбедни локации

Од:

Околу 100 македонски граѓани се уште се во Авганистан и засега се наоѓаат на безбедни локации информираат од Министерството за надворешни работи. Од таму велат дека според информаците кои ги добиле, компаниите за кое работат нашите граѓани имаат организирано сопствени чартер летови за евакуација и Македонците кои се затекнати во Авганистан на тој начин ќе ја напуштат земјата.

– Од вчерашната инструкција на нашата дипломатска мрежа за контакт со соодветните Министерства за надворешни работи во земјите на нивно покривање, денес дел од Амбасадите и Конзулатите веќе се стапени во контакт и некои од пријателските земји изразија подготвеност при евентуални организирани летови за евакуација да бидат на располагање и за граѓаните на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од МНР.

Од Министерството соопштуваат и дека во изминативе 24 часа, на дежурните телефони во МНР пријавени се неколку граѓани кои имаат свои роднини и/или пријатели во Авганистан, кои појавиле интерес за состојбите во Авганистан, но притоа не побарале асистенција за нивно извлекување.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија