ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ Струга бара пратеничката Нола Исмајлоска Старова да го врати мандатот

Од:

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга, Мирче Аџиоски, ја повика пратеничката Нола Исмајлоска Старова, која гласаше за уставните измени, да го врати мандатот.

Прес-конференција на Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга, Мирче АџиоскиПочитувани граѓани, ​Вчера бевме сведоци на најголемото предавство во поновата историја на Република Македонија.Се изврши насилство врз државата, но пред се, врз македонскиот народ, без да се почитува волјата на граѓаните, која што беше јасно искажана на референдумот.Се докажаа аспирациите на Зоран Заев и неколку луѓе околу него, кои по секоја цена, без да се бираат средства успеаја да обезбедат 2/3 (двотретинско) мнозинство, за жал со помош од 8 пратеници на опозицијата, меѓу кои и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Нола Исмајлоска Старова.Вие пратеничке, ги изневеривте вашите сограѓани, ја изневеривте државата во која живеете и загазивте врз волјата на граѓаните на Република Македонија.Зарем вреди да се живее со предавство и жигот кој сами си го закачивте на вашето име?!Зарем нашето име има цена, па се одродивте и одрековте од него?!Ја погазивте демократијата и идејата за слободна, независна и суверена Република Македонија!Ве повикуваме да го вратите мандатот, затоа што 7700 стружани кои гласаа на предходните парламентарни избори не ви дадоа легитимитет да гласате за промена на Уставот и името на Република Македонија.Според тоа, ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, по предлог на ИК на партијата, едногласно донесе одлука за поведување дисциплинска постапка-исклучување од партија на Нола Исмајлоска-Старова, која гласаше спротивно од партискиот став, но пред се, спротивно на волјата на граѓаните на Република Македонија!Сега на нас е да се сплотиме и да не подклекнеме. Да продолжиме по патот на нашите револуционери и Организацијата.Борбата не запира, љубовта и идеологијата за Македонија се над се и пред се!Името е симбол пред Светот!Името ни е идентитетот!Да живее Република Македонија!

Posted by Центар за комуникации Вмро-Дпмне Струга on Сабота, 20 октомври 2018

„7700 граѓани кои гласаа на предходните парламентарни избори не ви дадоа легитимитет да гласате за промена на Уставот и името, вратете го мандатот“, и порача Аџиоски на пратеничката.

Тој додаде дека во Собранието се случило најголемото предавство во историјата на земјата и не се испочитувала волјата на народот искажана на референдумот.

„Се докажаа аспирациите на Зоран Заев и неколку луѓе околу него, кои по секоја цена, без да се бираат средства успеаја да обезбедат двотретинско мнозинство, за жал со помош од 8 пратеници на опозицијата, меѓу кои и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Нола Исмајлоска Старова. Вие пратеничке, ги изневеривте вашите сограѓани, ја изневеривте државата во која живеете и загазивте врз волјата на граѓаните на Република Македонија“, изјави Аџиоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови

А1он

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже – дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг?

А1он

Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски