ОЈО започна истрага за малолетник кој предизвика пожар во Кисела Вода

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца во Основниот кривичен суд Скопје поднесе барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во судир со законот кое презело дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – Предизвикување општа опасност.

„На 3 септември во попладневните часови, детето на возраст од 14 години, заедно со уште две деца во ризик кои не наполниле 14 години и од тие причини не се кривично одговорни, палеле петарди и жижици на земјена патека во месноста Расадник, Кисела Вода. Како последица на тоа, бил инициран пожар кој брзо се проширил на околната сува трева поради ветерот и зафатил површина од околу 3 хектари – дрвја, сандаци со пчели и неколку бандери за пренос на електрична енергија. Со пожарот била предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

(ВИДЕО) Митева: Филипче има имот над 1,3 милиони евра

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски