ОЈО за трагедијата во Стримница: Се скарале во двор на џамија, а потоа со нож рани соселанец

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – убиство и до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот 36-годишник.

„На 30 август во селото Стримница, пред угостителски објект на патот кон Желино, осомничениот се обидел да лиши од живот едно лице, така што го прободел со нож оштетениот, нанесувајќи му тешка телесна повреда – убодна рана во градниот кош. Присутни лица веднаш го однеле оштетениот во тетовската болница, од каде како итен случај бил препратен на Клиничкиот центар во Скопје.

На настанот претходела вербална расправија во дворот на џамијата по петочната молитва. Сега осомничениот за обид за убиство и неговиот татко го забележале нивниот соселанец кој имал расправија со градоначалникот на Желино. Бидејќи знаеле дека нивниот сосед е агресивен, се доближиле да го смират за да не настане поголем проблем. Но, тој не се смирувал и физички ги нападнал, удирајќи го таткото на сега осомничениот во главата.

Присутни лица ги раздвоиле, но подоцна пред угостителскиот објект се случил кривично правниот настан во кој сега осомничениот го прободел со нож соседот кој претходно се расправал во дворот на џамијата со градоначалникот и со нив. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на ОЈО Тетово и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Тројца мажи во Мексико осудени на по 158 години затвор за убиството на тројца сурфери