А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Обвинителството бара од Албанија да и врати 20 икони на Македонија

by А1он12/01/2016 - 12:0212/01/2016 - 12:16218
Share0

Согласно Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривична материја и Законот за меѓународна соработка во кривична материја на Република Македонија, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција преку Министерство за правда, до надлежниот суд во Тирана, Република Албанија, поднесе официјално барање за враќање на 20 икони со непроценлива вредност, сопственост на Република Македонија.

Добивај вести на вибер

– Имено, во полициската акција наречена „Икона“ во 2013 година албанската полиција заплени поголем број на икони и црковни предмети. Во декември истата година, на средбата помеѓу албанската и македонската полиција беше споделена информација дека 20 од запленетите икони не потекнуваат од Република Албанија и дека постои можност истите да се одземени од цркви и манастири лоцирани во западниот дел на Република Македонија, со оглед на тоа што членовите на криминалната група вршеле криминални активности и на територијата на нашата држава, стои во денешното соопштение од Обвинителството.

По добивањето на оваа информација, експерти од Република Македонија, извршиле увид во запленетите икони и подготвиле стручен наод и мислење во кој беше утврдено дека 20- те икони, потекнуваат од цркви и манастири што се наоѓаат во западниот дел на Република Македонија и дека истите се оригинални. Понатамошното собирање на материјални докази утврди од кои цркви и манастири, во кој временски период и на кој начин предметните икони се противправно одземени и потоа илегално изнесени од Република Македонија.

На почетокот на 2014 година, на средба што се одржа во Тирана, помеѓу обвинителите на Република Македонија и Република Албанија, биле разменети информациите за утврдените материјални докази. Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на својот колега во Тирана му достави вешт наод и мислење за потеклото, оригиналноста и непроценливата вредност на 20-те икони – културно наследство и сопственост на Република Македонија, како и докази за потеклото на иконите од црквите, времето кога биле одземени, како и за начинот на кој се утврдени материјалните траги. Доказите прибрани во текот на истрагата, обвинителот од Тирана ги приложи кон поднесениот обвинителен акт до надлежниот суд во Тирана и есента минатата година беше донесена правосилна осудителна пресуда.

ikonikrazbaobvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он14/02/2026 - 13:53

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Горан Наумовски13/02/2026 - 10:33

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски11/02/2026 - 20:2911/02/2026 - 20:29

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Горан Наумовски08/02/2026 - 16:57

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Горан Наумовски21/01/2026 - 16:16

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен