ОЈО вложи жалба против одлуката за замена на мерките за обезбедување во предметот „Ласкарци“

Од:

Oсновното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на Решението од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје со кое мерката притвор за две лица обвинети во предметот за сообраќајната несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ е заменета со гаранција и определени мерки на претпазливост.

-Решението на судот се однесува на возачот на автобусот обвинет за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 вв чл.297 ст.1 и на раководителот на станицата за технички преглед обвинет за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 вв чл.299 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителството во поднесената жалба истакнува дека и натаму постои опасност од бегство на обвинетите како основ за притворска мерка и дека ниту една друга мерка не е доволна гаранција за обезбедување на нивното присуство во текот на кривичната постапка.

Би можело да ве интересира

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама