ОЈО Велес спроведува истражна постапка за полов напад над дете

Од:

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против педесет и пет годишен маж поради постоење на основано сомневање дека извршил кривично дело Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години од член 188 ст.1 од Кривичниот законик.

Според исказите на детето и неговата мајка, осомничениот во текот на 2017 година во неколку наврати искористувајќи исти прилики извршил полови дејствија врз осумгодишното дете. Осомничениот е сосед и во подалечна роднинска врска со оштетеното дете.

Ценејќи дека се работи за особени околности што укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоци и може да го повтори делото, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот, се вели во соопштението на Јавно обвинителство на Република Македонија.​

Би можело да ве интересира

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ