А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ОЈО Велес поведе постапка против две лица за пронајден хероин

by А1он11/05/2021 - 11:43161
Share0

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Битола за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Велес.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Осомничените, на возраст од 36 и 34 години, по претходен договор набавиле 20,01 грама наркотична дрога – хероин, која ја сместиле во просторот за воздушното перниче на совозачката страна во автомобил Фолксваген голф со битолски регистарски ознаки. Со автомобилот се движеле по автопатот Скопје-Велес, а на наплатната станица Сопот биле сопрени од овластени полициски службеници. Полицајците при преглед на автомобилот го пронашле хероинот како и 22,45 грама мешавина од парацетамол и кофеин, која се користи како додаток за зголемување на масата на наркотичната дрога, информираат од ОЈО Велес.

Ценејќи дека постои опасност од бегство и можност да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за двете осомничени лица. Судијата го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.​​

droga

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 13:19

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Горан Наумовски03/11/2026 - 08:56

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Горан Наумовски01/11/2026 - 12:01

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он31/10/2026 - 13:47

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Горан Наумовски22/10/2026 - 16:52

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски18/10/2026 - 14:3018/10/2026 - 14:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео