ОЈО Струмица поднесе казнени налози против 19 лица

Од:

Во одделни кривични правни настани 19 лица од Струмица, меѓу 1 и 4 април не постапиле согласно прописите за сузбивање или спречување на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот, поради која е прогласена пандемија, соопштија од ОЈО Струмица.

Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, односно не почитување на забрната за движење Основното јавно обвинителство Струмица до Основниот суд Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози и за секој од обвинетите предложи судот да изрече парична казна во висина од по 50 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од по 10 евра во денарска противвредност.​​

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска