ОЈО – Скопје склучи осум спогодби во предметот „Јустиција“

Од:

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје постигна спогодба со уште двајца осомничени во предметот „Јустиција“, судии кои активно ја вршеле функцијата.

Обвинетите судии со јавниот обвинител склучиле Спогодба за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На едниот му е определена казна затвор во времетраење од две години, која нема да се изврши доколку за три години осуденото лице не стори ново кривично дело. На вториот му е определена казна затвор од девет месеци, која нема да се изврши доколку во рок од две години осуденото лице не стори ново кривично дело.

Прифаќајќи ја склучената спогодба, судијата од надлежниот Основен суд Скопје 1 – Скопје изрече соодветни пресуди.

Би можело да ве интересира

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ