ОЈО Скопје поднесе три казнени налози за непочитување на полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството денеска соопшти дека обвинетите не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на државата и за време на пoлицискиот час биле затекнати како се движат низ градот.

Надлежниот јавен обвинител за тројцата обвинети побарал парични казни од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност​.

Би можело да ве интересира

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

И вечерва нема полициски час, владината одлука стапува во сила на полноќ

Жарко Настоски