А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ОЈО Скопје отвори истражна постапка против едно лице за „примање поткуп“ и за две лица за помагање

by А1он06/11/2018 - 17:48210
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за „примање поткуп“ и за две лица за помагање при извршување на ова кривичното дело.

Добивај вести на вибер

За првоосомничениот, како што соопшти ОЈО, постои основано сомнение дека како службено лице даночен инспектор во Управата за јавни приходи при Министерството за финансии – Регионална дирекција Скопје, индиректно, преку второ и третоосомничените лица, побарал парични средства во износ од пет илјади евра од сопственик на едно правно лице.

Парите потоа лично ги примил за да не изврши службено дејствие што би морал да го изврши, односно да направи дополнителни и детални контроли на даночниот субјект по однос на пресметката за плаќање на даночната обврска.

При извршување на кривичното дело, со умисла му помогнале второ и третоосомничените лица, сопственици на сметководствено биро од Скопје, преку давање совети и упатства, како и директно посредувајќи во комуникацијата со оштетената со која претходно се познавале.

Осомничените вчера во еден угостителски објект реализирале заедничка средба, на која оштетената на првоосомничениот му ги предала парите во износ од пет илјади евра, во десет банкноти во апоени од по 500 евра. Банкнотите биле претходно крим-технички обработени од страна на полицијата. Осомничениот ги ставил обележаните банкноти во џебот од палтото и по интервенција на полициските службеници бил затекнат со нив кога го напуштал угостителскиот објект.

-Со оглед на проценката дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, постои основан страв дека осомничениот ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело и ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, како и особените околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор, се вели во соопштението од Основното јавно обвинителство Скопје.

За второ и третоосомничените лица се предложени мерки на претпазливост, кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска повремено да се јавуваат кај надлежен орган и привремено одземање на патната исправа.

obvinitelstvoojo

Би можело да ве интересира

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа

Горан Наумовски20/03/2026 - 11:38

Обвинителството започна истрага против скопјанец кој со пиштол се обиде да си ја убие сопругата

Горан Наумовски07/03/2026 - 11:26

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ04/03/2026 - 15:1004/03/2026 - 15:10

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он14/02/2026 - 13:53

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Горан Наумовски13/02/2026 - 10:33

ОЈО бара притвор за тројца од четворицата осомничени за поседување нелегално оружје во Брвеница

А1он30/01/2026 - 18:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен