Возачот и вработени во Дурмо турс приведени за несреќата кај Ласкарци

Од:

Седум лица се приведени за несреќата кај селото Ласкарци која се случи минатиот месец, потврдуваат извори од Обвинителството за „А1он“. Меѓу нив се вработени во компанијата „Дурмо турс“ во чија сопственост е автобусот.

Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев денеска на прес-конференција ќе презентира информации за текот на постапката во врска со автобуската несреќа кај село Ласкарци.

Ова е прв пат Обвинителството по еден месец да излезе со детали за несреќата.

Во автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава околу 17 часот во атарот на селото Ласкарци, скопско, загинаа 15 лица. Најмладиот имаше 19 години.

Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар.

Автобусот излетал од автопатот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја пробил заштитната ограда на автопатот.

На повредените веднаш им помогнаа мештани од Ласкарци и околината. За спасувањето беа мобилизирани комбиња на брзата помош од „Здравствен дом – Скопје“ и од приватните болници „Неуромедика“ и „Систина“.

Владата ги прогласи за ден на жалост 14 и 15 февруари. На 14 февруари во Гостивар се одржа комеморативна седница за загинатите во автобуската несреќа, на која присуствуваа претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев, и исто така била прогласена тридневна жалост на ниво на општината.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

ВИДЕО: Камион удри во далновод и се запали: Неофицијално, возачот е од Македонија

Предраг Петровиќ

Еден мртов, двајца тешко повредени во сообраќајка на патот Прилеп-Крушево

Горан Наумовски

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје