ОЈО – Скопје: Да не се шпекулира за смртта на девојката во Аеродром

Од:

„Основното јавно обвинителство – Скопје ги прибира информациите за расветлување на смртта на девојката во Аеродром, која почина откако падна од висококатница.  Се очекува доставување на комплетните податоци од страна на МВР на РМ – СВР Скопје  од делот на спроведените полициски истраги и прибраните известувања од сите граѓани кои имале сознанија за овој настан, а со кои претходниот ден беше извршен информативен разговор, како и од оние разговори кои дополнително ќе бидат спроведени во МВР на РМ во делот на предистражната постапка.

Во текот на вчерашниот ден беа обезбедени материјални траги и од такси возилото во кое била покојната ноќта пред нејзината смрт, кои по дадена наредба на ОЈО Скопје ќе бидат предмет на обработка од Одделот за криминалистичка техника при МВР на РМ со цел утврдување на траги со идентификационо значење – ДНК. Овој чекор е преземен во насока на откривање и обезбедување на материјални докази за постоење на евентуално кривичното дело и обезбедување траги кои потекнуваат од предметниот настан, а кои ќе може да се користат како материјални докази во текот на постапката.

Исто така се очекуваат комплетните резултати од Институтот на судска медицина и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет кои постапуваат по дадени наредби од страна на ОЈО Скопје.

По прибирање на сите потребни известувања доколку за настанот се утврди постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело, ОЈО Скопје ќе ги преземе сите други потребни истражни дејствија заради разјаснување на целиот настан,  со цел утврдување на сите околности и обезбедување на докази во кривичната постапка.

Во интерес на водење на предистражната постапка во овој предмет, потребно е во јавноста да не се изнесуваат непроверени наводи и шпекулации од која било страна, а ОЈО Скопје по утврдувањето на нови релеванти околности, ќе ја информира дополнително јавноста до оној степен до кој тоа го дозволува принципот на тајност на предистражната постапка согласно член 289 од ЗКП“, се вели во соопштението на ОЈО Скопје.​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај