ОЈО Ресен поведе постапки против две лица за непочитување на полициски час

Од:

Основното јавно обвинителство Ресен поведе постапка против две лица за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– До Основниот суд Ресен поднесени се предлози за издавање казнени налози со кои за лицата се бараат парични казни во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противредност, се вели во соопштението на ОЈО Ресен.

Обвинетите, на 18 мај, за време на полицискиот час се движеле низ градот без да поседуваат дозвола за тоа, при што биле сопрени од страна на полициски службеници од ОВР – Ресен.​

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска