ОЈО: Разбојник во супермаркет од жена украл златно ланче, за брзо време бил уапсен од полицијата

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело тешка кражба.

На 24 јуни, на улицата “Разловечко востание” во Скопје, во близина на супермаркет, осомничениот се доближил позади грб на една оштетена, ја фатил за левото рамо, а со другата рака и го скинал златното ланче со приврзок од вратот и го украл, стекнувајќи се со противправна корист од околу 30.000 денари. Со трчање избегал кон автобуска постојка на булеварот “Партизански одреди” и се качил во автобус.

Полициски службеници го лишиле од слобода 15 минути подоцна, на автобуската станица кај Симпо, при што кај него го пронашле украденото ланче.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, кој може да се даде во бегство или да го повтори делото.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница