А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ОЈО поднесе обвинение за убиство во село Мојанце

by А1он30/01/2020 - 09:47387
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинителен акт против жител на село Мојанце за убиство со огнено оружје по расправија за место за напасување на добиток.

Добивај вести на вибер

– Обвинетиот, на 18.08.2019 година, во селото Мојанце, Арачиново, со употреба на огнено оружје со калибар од 7,62Х25мм, со умисла го лишил од живот оштетениот Зилбехар Ајвази. На критичниот ден, најпрвин дошло до вербална и физичка расправија меѓу братот на сега починатиот и таткото на обвинетиот, кои се расправале за местото за напасување на добитокот. Таткото на обвинетиот притоа се здобил со телесни повреди и за настанот ги известил своите синови, информира ОЈО.

Обвинетиот, заедно со уште едно непознато лице, со автомобил Фолксваген голф 3 се упатиле кон куќата на семејството Ајвази.

– Кога стигнале таму, обвинетиот преку отворениот прозорец на совозачкото седиште на автомобилот испукал два куршума во правец на сега починатиот Зилбехар и го погодил во десната страна на градниот кош, нанесувајќи му тешка телесна повреда – устрелна рана. Куршумот повредил повеќе витални органи. Оштетениот бил хоспитализиран во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“– Скопје, каде му била извршена хируршка интервенција. На 09.09.2019 година настанало влошување на неговата општа состојба поради обилно крварење во стомачната празнина и оштетениот починал, се вели во соопштението од ОЈО.

Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице. Притоа, обвинителот особено го ценеше фактот што непосредно по настанот осомничениот веднаш станал недостапен на органите на прогонот, по него била распишана потерница, а кога бил затекнат при претрес на неговиот дом, дал лажни податоци за сопствениот идентитет.

Обвинението е за кривично дело – Убиство од чл. 123 ст.1 од Кривичниот законик.

hronika

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 17:49

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 13:55

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 13:50

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 11:5027/02/2026 - 12:03

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Катерина Ѓуровски25/02/2026 - 13:57

Метален профил усмрти градежен работник од Велес

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен