ОЈО поднесе обвинение за тешка кражба од автомобил на Средно Водно

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог обвинение против две лица за тешка кражба од автомобил на паркинг-просторот на Средно Водно.

– На 10 ноември, обвинетите, заедно со уште едно малолетно лице, од патничко моторно возило „Јагуар“ со српски регистарски ознаки, паркирано на паркинг-просторот на Средно Водно, одзеле: женска чанта марка „Гучи“, два пара очила марка „Гучи“, еден пар очила марка „Миу Миу“ и парични средства во износ од 1.710 денари и 2.670 српски динари. Вкупната вредност на украдените предмети изнесува 300.000 денари. Обвинетите со употреба на погоден тврд предмет го скршиле стаклото од предната совозачка врата, од предното совозачко седиште ја одзеле ташната и го напуштиле местото, се вели во соопштението на ОЈО.

Јавниот обвинител за првиот обвинет доставил предлог за определување мерка притвор, додека вториот обвинет веднаш е спроведен во КПУ „Идризово“ за издржување на други казни.

Против малолетното лице ќе биде спроведена посебна постапка, согласно Законот за права на децата.

Лицата се сомничат за кривично дело „тешка кражба“ од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски