ОЈО поднесе обвинение против в.д. директор на јавно претпријатие од Битола

Од:

Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднело Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување .

Јавно обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека обвинетиот, во текот на 2022 и 2023 година, во својство на службено лице в.д. директор на јавно претпријатие, ги пречекорил границите на своите службени овластувања и во повеќе наврати на шест различни лица вработени во претпријатието без правен основ им исплаќал дополнителни средства за работна успешност и покрај тоа што претпријатието во континуитет работело со загуби.

– Средствата им се исплаќале заради извршување на дополнителни работни задачи од повисоко работно место за кое дел не ги исполнувале ниту условите од правилникот за систематизација. Вкупниот износ на исплати што ги одобрил и со кои предизвикал штета на јавното претпријатие изнесува 577.640 денари, што било констатирано и со наодите од Конечниот извештај за извршена ревизија во претпријатието за 2022 година на Државниот завод за ревизија кој ќе биде предложен меѓу доказите, се појаснува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај