А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против учесник во странска војска баран со потерница

by А1он29/01/2021 - 14:56250
Share0

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по спроведена истражна постапка до Основниот кривичен суд достави обвинителен акт против дваесет и четиригодишниот И.Т. од Скопје, за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“ и побара да му се продолжи мерката притвор определена од судија на претходна постапка.​

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што информира ОЈО, обвинетиот е дел од групата опфатена во акцијата „Ќелија 2″ што беше спроведена на седум локации во Скопје и Тетово, на 9 јули 2016 година и притоа беа уапсени четири лица – поранешни припадници на ИСИС, а подоцна беше лишено од слобода уште едно лице. За останатите три лица меѓу кои и обвинетиот И.Т. беа распишани национални и меѓународни потерници.

-По претходна радикализација во нашата земја, И.Т. како македонски државјанин спротивно на законот заминал во Сирија, каде бил обучуван и учествувал во воените акции на правоената формација – муџахединска единица наречена „Тахрир Хајат Ал-Шали“ – Tahrir Hayat Al – Shali, која од страна ООН е прогласена за терористичка организација. По завршената обука која траела околу шест месеци бил распореден во единица задолжена за обезбедување на терен во близина на градот Ибдил и извршувал одредени стражарски активности. По постигнатото примирје во 2017 година, обвинетиот во јули 2019 година од Сирија илегално влегол во Турција и одреден временски период престојувал во Анкара и Истанбул. Со оглед дека со него имал патна исправа со истечен рок на важење не можел легално да се врати дома, па стапил во контакт со неговите родители. Согласно договорот, тој илегално ја преминал турско – грчката граница и во Грција се сретнал со неговите родители, кои му ја донеле патната исправа на неговиот брат со која ја поминал границата и истиот ден преку ГП Долно Блаце ја напуштил државата заминувајќи на Косово. Кога се вратил во РС Македонија врз основа на претходно издадена наредба за издавање на национална и меѓународна потерница од 2017 година, обвинетиот И.Т. на 06.10.2020 година беше спроведен во КПУ Затвор Скопје – Скопје, соопшти ОЈО.

Имајќи ги предвид специфичноста, видот, тежината и начинот на извршување на кривичното дело, како и меѓународниот карактер на истото, а воедно и фактот дека обвинетиот долго време бил недостапен на органите на прогонот, се вели во соопштението, обвинителството со обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор определена од судија на претходна постапка.​

Следете a1on на Youtube YouTube
obvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ27/10/2026 - 10:4327/10/2026 - 10:43

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ13/10/2026 - 12:5213/10/2026 - 12:56

На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Горан Наумовски12/10/2026 - 14:0512/10/2026 - 15:38

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:0304/10/2026 - 11:04

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 13:4626/09/2026 - 13:57

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски11/09/2026 - 11:5811/09/2026 - 13:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео