ОЈО поднесе обвинение против скопјанец за пет тешки кражби

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 37-годишен скопјанец, кој во ноември годинава извршил пет тешки кражби.

– Обвинетиот на 11 октомври, од угостителски објект во населба Илинден, одзел четири пластични гајби во вкупна вредност од 1.600 денари. На 22 ноември, пак, од викенд куќа на стариот пат за село Брњарци, со провалување одзел телевизор Сони вреден 18.000 денари. На 23 ноември, од две викенд куќи во населбата Дрма, истото лице одзело повеќе предмети во вкупна вредност од 12.500 денари. На 24 ноември, обвинетиот ја прескокнал жичената ограда од овоштарник во Петровец и одзел предмети вредни 6.000 денари, информираат од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

Лицето се товари за сторено едно кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик, како и четири кривични дела – Тешка кражба според член 236 став 5 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот законик.​​

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски