ОЈО поднесе обвинение против осумнаесетгодишник за убиството на Никола Христовски

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против осумнаесетгодишник за убиство на миг.

Од ОЈО информираат дека обвинетиот, на 14.08.2019 година на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во населбата Ново Лисиче, доведен во состојба на силна раздразнетост, со умисла го лишил од живот оштетениот Никола Христовски.

– Група од повеќе лица, во која бил и оштетениот, го пресретнала обвинетиот во близина на една бензинска пумпа и започнале да го навредуваат и физички да го напаѓаат со влечење и удари по телото. Обвинетиот започнал да бега кон зградите, а групата од околу 30 лица трчале по него, извикувајќи навреди и пцовки. Кога се доближил до влезот на една зграда обвинетиот се обидел да влезе, но не успеал. Во тој момент, прв до него стигнал оштетениот Никола Христовски, па обвинетиот доведен во состојба на силна афективна раздразливост, реагирал импулсивно и не бил во состојба логично да размислува, да расудува и да раководи со своите постапки. Тој извадил нож со сечиво од 9 сантиметри и на оштетениот му задал убодна рана во десната страна на градниот кош. Оштетениот бил пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ каде му бил извршен хируршки зафат, но починал како резултат на крваречки шок, се вели во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.

Обвинението е за кривично дело – Убиство на миг од член 125 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Го лажел дека ќе му ја лекува сопругата во странство: му зел 88 илјади евра, жената починала

ФБИ му дојавил на МВР: Во Голема Речица уапсени двајца за нелегален онлајн пазар со промет од пола милион долари

80-годишник загина поправајќи трактор

Му се слошило додка возел на патот Кичево-Демир Хисар, излетал од патот и починал

Двајца Романци измамиле скопјанка за сума од околу 300.000 денари

Катерина Ѓуровски

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи