ОЈО ќе проверува дали имало кражби од сефови на Шпаркасе банка

Од:

Скопското Јавно обвинителство денеска соопшти дека издало наредби за проверка на информациите за кражба на пари и предмети од банкарски сефови во Шпаркасе банка.

– Основното јавно обвинителство – Скопје од 30.11.2017 година постапува по пријавата за наводна кражба на пари и вредни предмети од сефови во Шпаркасе банка. Пријавата е заснована на изјавите на две лица кои тврдат дека во нивните банкарски сефови недостигаат пари и вредни предмети, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Оваа пријава, како што е посочено, веднаш е дадена на работа на дежурен јавен обвинител, кој во насока на расветлување на случајот издаде наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот и барање за обезбедување податоци и документација од банката.

Истовремено, издадена е и наредба за вештачење на материјални траги подигнати на лице место. Притоа, се проверува кој се имал пристап до трезорот со сефови на банката.

Би можело да ве интересира

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки