ОЈО ќе предложи спојување на постапките за обвинетите за грабнувањето и свирепо убиство на Вања и Панче

Од:

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје достави известување за завршена истрага до првоосомничениот за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.

„Со ова тече законскиот рок на одбраната да изврши увид во доказите. По истекот на овој рок и поднесување обвинение, јавниот обвинител ќе предложи спојување на судските постапки против вкупно петмина обвинети за овој кривично-правен настан, бидејќи постојат законските основи предвидени во член 28 од Законот за кривична постапка. Со цел да се овозможи единственост на постапката, обвинителството ќе побара одлагање на рочиштето закажано за 30-ти јули против четворицата претходно обвинети. Истражната постапка е завршена и за уште едно лице осомничено за помагање по извршување на кривичното дело. Постапката против него ќе се води одвоено“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Палевски: Целиот процес е „конструиран политички прогон“, УБК ме местеше за наводен атентат врз Заев

Палевски: Една година лажете дека сум ја грабнал и убил Вања, во тоа време бев во банка

Адвокатот на Палевски тврди: Мое лично мислење е дека пресудата е однапред донесена

Палевски: Доказите против мене се фалсификувани, нецелосни и манипулативни

Манев: Предметот за убиството на Вања и Панче треба да се врати или во фаза на истрага или да се одреди реконструкција

Горан Наумовски

Се разболе адвокатот на Палевски, одложено е денешното рочиште