Престигнување во спротивна лента е причината за сообраќајката кај Кичево во која загина бебе

Од:

На магистралниот пат Кичево – Македонски Брод, вчера попладне околу 17.00 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби тримесечно бебе, а петмина учесници во сообраќајот се тешко повредени.

Веднаш по несреќата од страна на дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево и увидна екипа од Министерството за внатрешни работи е извршен увид на лице место.

Според првичните информации, несреќата се случила кога возачот на патничко моторно возило марка Голф со охридски регистарски таблички што се движел од Македонски Брод кон Кичево, направил обид за претекување на товарно возило – влекач со приколка марка ТАВ со кичевски регистарски таблици. При претекнувањето, возилото Голф удрило во патничко моторно возило Алфа Ромео со регистарски таблички од Република Словенија, што доаѓало од спротивниот правец. На лице место од здобиените повреди починало тримесечно бебе. Патниците на двете патнички моторни возила со тешки телесни повреди се пренесени во медицински установи за укажување натамошна помош.

По Наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево прибрани се траги од лице место. Претстои нивно вештачење, како и сообраќајно техничко вештачење за утврдување на околностите за настанот.​

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на скопската обиколница