ОЈО Гостивар: Случајот труење во гостиварското економско училиште е затворен

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар, нема да постапува во случајот „труење“ во гостиварското економско училиште. Оваа одлука е донесена по спроведената истрага и добиените резултати од вештачењата.

Во писмениот одоговор, од Јавното обвинителство на Република Македонија дека по пријавата на 14.02.2014 година, кога повеќе во СЕОУ Гостивар лица се пожалиле на здравствени тегоби била отпочната истражна постапка од страна на надлежното Основно јавно обвинителство Гостивар.

– Вештачена е облеката  на оштетените и изврши увид  во објектот на училиштето. По подигање на брисеви  од  ѕидовите на просториите во училиштето, одделот за криминалистичка техника ги изврши потребните анализи  и беше констатирано дека не се добиени резултати  кои би укажале на присуство на непозната материја. При тоа беше извршено и  испитување  на присуство на гасови метан и пропан-бутан со употреба на гасни детектори и врз основа на тоа испитување  е констатирано дека  нема присуство на метан и пропан-бутан во наведените простории во училиштето, стои во одговорот на обвинителството.

Во меѓуврме, Основното јавно обвинителсвто Гостивар изадло и наредба до Институтот за  судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија Скопје за да се изврши вештачење на крв и урина земени од оштетените шеснаесетмина пациенти кои се жалеа на тегоби предизвикани од непозната материја во училиштето.

– Од добиените резултати на вештачењето   и токсиколошките анализи, гасни анализи на крв и одредување на психоактивни  супстании и лекови во урина, утврдено е дека на сите 16 пациенти наведените параметри им се во границите на нормалата, односно дека немало присуство на  хемиска супстанца која би влијаела на промена на референтните вредности, наведуваат во одговорот и нагласуваат дека „по извршените вештачења и добиените извештаи, надлежното Јавно обвинителство одлучи дека нема место за јавно обвинителско постапување.“ 

Би можело да ве интересира

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Почината жена пронајдена пред семејната куќа во Гостивар

Десетгодишни близнаци се пронајдени мртви во куќа во Романија

ВИДЕО: 46-годишник од Скопје е жртвата во страотната сообраќајка кај Колари

Газда на гостиварски угостителски објект фатен со кокаин и марихуана

Катерина Ѓуровски

Жители на Баница ќе постават шатори за одбрана на нивите од „Бехтел и Енка“ ако Владата не ги викне на средба

А1он