ОЈО – Гостивар работи на расветлување на оружениот инцидент во кој татко повреди син

Од:

Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе Наредби за спроведување на истражна постапка против татко и син, инволвирани во меѓусебен оружен инцидент.

Според првичните сознанија, инцидентот се случил кога синот Б.С., по вербална расправија во семејната куќа, физички го нападнал својот татко А.С. со тупаници, нанесувајќи му телесни повреди во пределот на главата и слабината и упатувајќи сериозни закани дека ќе нападне врз неговиот живот и тело. По ова, Б.С. излегол во дворот на куќата, од каде земал секира и се обидел повторно да го нападне својот татко и тешко да го повреди, но во тоа бил спречен од неговиот брат Р.С., кој успеал да го изведе надвор за да го смири.

Сепак, Б.С. не се смирил и продолжил да удира со секирата по влезната врата со намера да влезе во куќата. Во тој момент А.С. испукал еден куршум од огнено оружје – пиштол со калибар 7,65 мм, кој го поседувал без дозвола, во правец кон неговиот син Б.С. и го погодил во мускулното ткиво од левата рака, нанесувајќи му влезно-излезна рана. По настанот се приведени и двајцата, а Б.С. и во полициска станица продолжил да упатува закани кои се регистрирани на службен записник.

Надлежен јавен обвинител издаде наредби за подигање и вештачење на материјалните траги и докази пронајдени на лице место, за анализа на крв и урина од таткото и синот, како и за анализа на траги од барутни честички кај двајцата, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство – Гостивар

Би можело да ве интересира

Левица: Двапати ја прогласиле водата во Гостивар за безбедна, никој од здравствениот синџир не е разрешен

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело