ОЈО Гостивар поведе истрага за разбојништво во кичевска обложувалница

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донел наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кичево за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – разбојништво.

-Осомничениот на 8 април годинава со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на друг, употребувајќи опасно орудие, одзел туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои.

Имено, тој влегол во спортска обложувалница во Кичево, со црна маска на лицето и со нож во раката, па се упатил кон шалтерот за уплата и исплата. Притоа со ножот му се заканил на оштетениот вработен во обложувалницата и од фиоката на работната маса одзел парични средства во вкупна вредност од 8.990 денари во различни апоени.

Веднаш потоа се оддалечил во непознат правец. Осомниченото лице подоцна е пронајдено и лишено од слобода, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски

16-годишно дете претепало човек за да го ограби – во притвор е, обвинителство поднесе пријава

А1он