• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ОЈО ги има видеодоказите од ЛДП за инцидентот во библиотеката „Браќа Миладиновци“

by А1он12/08/2015 - 13:26143
Share0

„Либерално-демократската партија ја поздравува постапката на Основното јавно обвинителство – Скопје за отворањето на предмет и правно гонење на специјалците од ЕБР, кои упаднаа во градската библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје, после протестите пред Владата на 5-ти мај годинава.

Добивај вести на вибер

Либерално-демократската партија, како подносител на кривичната пријава, веќе достави до обвинителството видеозаписи од инцидентот, но смета дека е неодговорно и крајно манипулативно барањето на ОЈО, токму политичката партија да му достави податоци за сведоците и други докази за да отпочне постапката.

ЛДП го потсетува обвинителството дека на видео-материјалите, кои партијата ги достави како доказ, се гледа кои лица даваат изјави, а МВР, како надлежен орган, сигурно има податоци кој се’ беше приведен таа ноќ од присутните во библиотеката, како и тоа кој припадник на ЕБР во критичниот момент беше на должност. Во исто време, ОЈО може да постапува и по допрен глас, а не да очекува од партијата да биде истражител.

Затоа, апелираме до ОЈО, поради сериозноста на инцидентот и последиците од него, постапката да ја спроведе до крај, да не ја префрла одговорноста на други или пак предметот да го зафрли во некоја фиока.

ЛДП го чека новиот специјален јавен обвинител за поднесување на други кривични пријави  за злоупотребите на оваа власт“, се вели во соопштението на ЛДП.

ldpobvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он23/01/2026 - 19:41

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Горан Наумовски21/01/2026 - 16:16

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:37

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски20/01/2026 - 14:0120/01/2026 - 14:05

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 18:5418/01/2026 - 20:37

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Горан Наумовски15/01/2026 - 18:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен