А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ОЈО: Еден обвинет за убиство и за обид за убиство кај Шишево

by А1он08/04/2020 - 10:20431
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице обвинето за убиство и обид за убиство, кое на 2 март минатата година со употреба на огнено оружје – полуавтоматски пиштол, со умисла лишил од живот едно лице, а уште едно се обидел да го лиши од живот, на локалниот пат меѓу селата Шишево и Глумово.

Добивај вести на вибер

-На критичниот ден, тој со својот автомобил го пресретнал автомобилот во кој се наоѓале двајцата оштетени заедно со уште едно лице – сведок на настанот и започнал вербална расправија. Во момент кога еден од оштетените започнал да се враќа кон своето возило за да влезе, обвинетиот му се приближил на кратко растојание и испукал кон него еден проектил од пиштолот, нанесувајќи му тешка телесна повреда во вид на огнострелна рана во пределот на главата. Потоа тргнал да се пресмета и со вториот оштетен. Сведокот се попречил меѓу нив, но обвинетиот му наредил да се тргне. За тоа време, оштетениот започнал да бега, па обвинетиот се стрчал и испукал повеќе проектили кон него, нанесувајќи му две огнострелни повреди. Како последица на овие повреди, оштетениот починал непосредно по приемот во болница, информираат од ОЈО.

По настанот, обвинетиот се дал во бегство и една година беше недостапен на органите на прогонот.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице поради опасност од бегство, можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештите лица, како и да го повтори делото.​

Лицето се товари за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 како и за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

hronika

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 17:49

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 13:55

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 13:50

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 11:5027/02/2026 - 12:03

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Катерина Ѓуровски25/02/2026 - 13:57

Метален профил усмрти градежен работник од Велес

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен