ОЈО Дебар поднесе казнени налози против пет лица

Од:

Основното јавно обвинителство – Дебар постапувајќи по примените кривични пријави, денеска до Основниот суд во Дебар достави предлози за издавање казнен налог за пет полнолетни лица, соопштија од ОЈО Дебар.

-Лицата се обвинети дека непочитувајќи ја забраната за движење сториле кривично дело Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, информираат од Обвинителството.

Основниот јавен обвинител побара од судот сторителите да бидат огласени за виновни и да им биде изречена парична казна во висина од 10-100 дневни глоби.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска