ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – полов напад и силување.

„На 5 септември, осомничениот 31-годишник нападнал жена во Кисела Вода и спротивно на нејзината јасно изразена волја, со умисла се обидел да изврши полови дејствија врз неа. Жртвата се движела пеш кон нејзиниот дом и откако го поминала пешачкиот премин на булеварот „Борис Трајковски“ во близина на општината Кисела Бода, осомничениот ја зграпчил со двете раце и се обидел да ја одвлече кон споредна улица. Ја турнал и се обидел полово да ја нападне. Жената цело време викала, барала помош и се обидувала да се ослободи, а кога започнале да се собираат луѓе осомничениот ја пуштил без да ја реализира намерата. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, наведувајќи дека постои опасност тој да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка или да го доврши кривичното дело. Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена“, велат од ОЈО.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината

Ѓорѓиевски: Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе четири години во општина Кисела Вода

31-годишен скопјанец силувал деветгодишно девојче

Славонец пред истражителите призна дека силувал овца, кобила и мртва кокошка

Поднесено обвинение за мажот кој ја навредуваше, па и се закануваше на Данела Арсовска

Уапсен е 17 годишник во Ниш под сомнение дека силувал 14 годишно девојче

А1он