ОИК Куманово интензивно работи во пресрет на локалните избори

Од:

Членовите на Oпштинската изборна комисија Куманово (ОИК) интензивно работат на комплетирање на избирачките одбори.

– Куманово како најголема општина во државата има 167 избирачки места, изјави Звонко Николовски, претседател на ОИК Куманово.

Тој додава дека работат непречено, и се држат согласно роковникот утврден од Државната изборна комисија.

– Вчера имавме средба во ДИК за одредена техничка измена така што и тоа е завршено, додава Николовски.

Во моментов членовите на Општинската изборна комисија работат на решенијата кои ќе се достават до избирачките одбори. Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане има вкупно 241 избирачко место. Во Липково има 36, во Старо Нагоричане 38 и 167 избирачки места има во Куманово.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија