Четириесет и четиригодишната З.Т. од Охрид е уапсена во Златибор, Србија, откако крадела во храмот Свето Преображение, јавуваат српските медиуми.
Според српската полиција, З.Т. во црквата го украла Евангелието, крст, две сатенски прекривки, шише за вода и една кутија со темјан. Сите украдени предмети, полицијата ги открила во хотелот „Мона“, каде што престојувала охриѓанката.