Охриѓанка која Интерпол ја барал за киднапирање во Норвешка, уапсена на граница кај Свети Наум

Од:

Албанската гранична полиција на преминот Тушемиште – Свети Наум, на албанско–македонската граница, уапсила македонска државјанка барана со меѓународна потерница издадена од норвешките власти.

– Благодарение на соработката на Интерпол Тирана со Интерпол Осло, Норвешка и граничната полиција, уапсена е А.М.(35) жителка на Охрид, Северна Македонија, заради екстрадиција во Норвешка. Службите на граничната полициска станица Тушемиште, на влезот во Република Албанија, при контрола на документите утврдија дека станува збор за лице барано со меѓународна потерница, стои во полициското соопштение.

Се додава дека за охриѓанката била распишана меѓународна потерница поради „семејно насилство и киднапирање“ и оти Интерпол Тирана ја продолжува постапката за нејзина екстрадиција во Норвешка.

На 11-ти месецов на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница кај Струга, при влез на албанска територија, уапсен беше Ф.В. 39 годишен, жител на село Велешта, Струга. Против него, шестиот федерален кривичен суд во Рио де Жанеиро, Бразил, издал налог за апсење за кривично дело „трговија со наркотици“.

Три дена подоцна на преминот Морина, пак, на албанско–косовската граница, кај Кукс, службите на албанската гранична полиција, го уапсија Џ.Ф. (38), жител на Скопје, баран со меѓународна потерница, за кривични дела „кражби“ и „трговија со наркотици“, распишана од белгиските власти.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он