Охриѓанец со секира го демолирал Центарот за социјални работи

Од:

Охридската полиција денеска поднесе кривична пријава против лице од Охрид, поради извршено кривично дело „насилство“.

Како што соопшти Секторот за внатрешни работи од Охрид, 30-годишниот А.В. од Охрид претпладнево поради укината социјална помош и нерешено станбено прашање, упаднал во просториите на Центарот за социјални работи во Охрид и со секира почнал да ги крши прозорите од влезната врата и од другите канцеларии и помошни простории.

Видно агресивен, тој ги искршил и компјутерите со целокупната компјутерска опрема поставени во канцелариските оддели, а потоа, започнал да ја оштетува и расфрла целокупната документација од работните бироа.

Интервенирала полицијата, која веднаш го привела А.В.. Против него е покрената соодветна кривична постапка.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип