Охриѓанец палел оган на Галичица – рекол дека е бездомник и сакал да се стопли

Од:

Вчера во 11.15 часот во Полициската станица Ресен, одговорно лице во Национален Парк „Галичица“ пријавило дека на место викано „Асан Џура“ затекнало лице кое запалило оган на отворен простор. Пожарот веднаш бил изгаснат од вработени на Националниот парк.

Полициски службеници од Полициската станица Ресен излегле на местото и било констатирано дека се работи за А.И.(74) од Охрид, кој е бездомник и кој изјавил дека ноќта ја поминал на местото каде што запалил оган за да се стопли без намера за подметнување на пожар.

Констатирано е дека лицето сторило прекршок по член 53 од Законот за шуми.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски