Охриѓанец не ги почитувал здравствените прописи за заштита од Ковид – 19

Од:

Основното јавно обвинителство Охрид, поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице на возраст од 61 година, жител на Охрид кој го сторил кривичното дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

-На обвинетиот на 19 март му била издадено решение од Министерството за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат со цел навремено преземање на посебните против епидемиски мерки за заштита на населението од ширење на опасната болест предизвикана од коронавирусот. Тој имал претходен контакт со лице заболено од COVID 19, па бил ставен под здравствен надзор во период од 14 дена со обврска да биде во домашна изолација поради опасност од натамошно ширење на болеста. Но, на 21 март обвинетиот излегол од домот и се упатил во непознат правец, информираат од обвинителство.

Со Предлогот за издавање казнен налог, јавниот обвинител побара од судот на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што секоја глоба да е во висина од 20 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник