Охриѓанец ја истепал сопругата за која имал забрана за приближување

Од:

На 42-годишен охриѓанец му е поднесена кривична пријава затоа што и нанел телесни повреди на сопругата и не ја почитувал забраната за неприближување.

– СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.С.(42) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „неизвршување судска одлука“. Тој, на 30.08.2023 околу 18.30 часот, во семејната куќа, физички ја нападнал неговата сопруга, a од претходно имало решение од Основниот суд во Охрид за изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари