Охридско-струшкиот регион со превентивни мерки во исчекување на најавените нови обемни врнежи дожд

Од:

Воочи најавените нови обемни врнежи од дожд вонредна седница одржа Регионалниот штаб за управување со кризи во Охрид. На состанокот се донесени заклучоци за преземање соодветни мерки за превенција како максимален испуст на вода од Охридското езеро во реката Црн Дрим.

Истовремено надлежните служби ќе вршат засилена контрола на патниот правец Струга – Дебар кај село Луково, заради зголемениот истек на вода од испустот на браната Глобочица. Состојбата будно се следи од страна на сите субјекти на Службата за управување со кризи кои ќе преземаат соодветни мерки за санирање на евентуални настанати ризици и опасности.

Од АД „ЕЛЕМ“ што стопанисува со водите на Охридското Езеро ја потврдуваат информацијата за зголемен прелив на браната Глобочица.

Најавените временски неприлики предвидуваат викендот, поточно во раните утрински часови в недела нови интензивни врнежи од дожд, до 20 литри на метар квадратен, проследени со силен јужен ветар што на моменти ќе достигнува до 80 километри на час. Јужниот топол ветар ќе предизвика и топење на снеговите на планините, што ќе предизвика нагло зголемување на дотекот на вода во сливното подрачје на реката Црн Дрим. Тоа ќе доведе и до прелив на вода низ шахтата на ХЕЦ „Глобочица“ од некаде 150 до 200 метри кубни во секунда, што ќе доведе до нагло зголемување на нивото на Црн Дрим низводно од браната Глобочица.

Според анализите изготвени согласно метеоролошките прогнози, се очекува хидролошката ситуација во охридско-струшкиот регион да биде најсложена околу шест часот наутро на 1 април, истата да потрае во текот на денот до попладневните часови, кога се очекува стабилизација на временските прилики и истеците на вода.

За најавените состојби, евентуалните временски неприлики, како и за преземените мерки се известени и сопствениците на угостителските објекти лоцирани непосредно на крајбрежјето на Охридското Езеро во Охрид и Струга.

Би можело да ве интересира

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски