Охридско Езеро кај Лин порибено со 1,5 милиони парчиња подмладок охридска пастрмка

Од:

Водите на Охридско Езеро, од албанска страна, кај селото Лин, општина Подградец, денеска беа збогатени со 1,5 милиони парчиња подмладок охридска пастрмка, соопштија од општина Подградец.

-Од година во година се зголемува количината подмладок со кој се порибуваат езерските води. Но, ова денеска е рекордна бројка.Тоа е резултат на нашата посветеност за збогатување на рибниот фонд, изјавил Бленди Чучи, министер за земјоделство и рурален развој, кој одблиску го следел чинот на порибување и самиот учествувал во него.

Се пофалил дека во однос на количината подмладок на пастрмка со која е порибено езерото „е далеку од количната со која нашите македонски соседи порибуваат од нивна страна“.

Министерот Чучи најавил засилени мерки за заштита на рибниот фонд, пред се ригорозни казни за оние кои на недозволен начин ќе ловат риба.

Градоначалникот на Подградец Илир Џаколи најавил дека почнувајќи од следната година, денот кога ќе се порибува езерото ќе биде организирана неколкудневна прослава во селото Лин, насловена како „Празник на пастрмката“.

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион